fbpx
x
Мени

Тркалезна маса за воведување систем за квалитет во ГО

Контакт: аleksandar.cekov@crpm.org.mk 072 702 995/ 02 3109 932

Локација: Скопје

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ТРКАЛЕЗНА МАСА

Почитувани,

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) со особена чест и задоволство Ве поканува на тркалезната маса „Добро управување во граѓански организации: воведување на систем за квалитет во управувањето“ која ќе се одржи на 21.05.2018 год. (понеделник) од 10.00 ч. во хотел АРКА, Скопје https://goo.gl/V4MQQB).
Целта на тркалезната маса е да се дискутира за резултатите од анкетата спроведена од ЦИКП за довербата на граѓаните во граѓанските организаци, како и за активности што треба да бидат преземени од релевантните чинители за зајакнување на довербата. Во вториот дел од тркалезната маса ќе бидат разгледани активности за создавање овозможувачка средина за воведување систем за управување со квалитет, а во таа насока ќе бидат претставени и чекорите за регистрација на системот за управување со квалитет развиен од страна ЦИКП во Институтот за стандардизација на Република Македонија.
Тркалезната маса е дел од активностите на проектот „Унапредување на граѓанското општество и промовирање на принципите на добро владеење преку воведување на системи за квалитет во управувањето во граѓанските организации“ финансиран преку Цивика мобилитас програмата.
Ве замолуваме вашето учество да го пријавите на аleksandar.cekov@crpm.org.mk или на тел. 072 702 995/ 02 3109 932