fbpx
x
Мени

Штип: Информативна сесија за повикот за акциски грантови ЦМ-АКТ-02

Контакт: Civica Mobilitas

Локација: ОУК Дом на млади во Штип на ул. Партизанска 27

Граѓанските организации и непрофитните научно-истражувачки установи кои се заинтересирани за повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас може да учествуваат на Инфо сесијата што ќе се одржи на 26 април 2016 година, од 11 до 13 часот, во ОУК Дом на млади во Штип на ул. Партизанска 27.

Тимот на Цивика мобилитас подетално ќе информира за повикот, за тоа какви активности се очекуваат, кои трошоци се подобни, што содржи пријавата и кој е рокот за поднесување.

Повикот за акциски грантови е отворен од 15 април 2016 година.

Повеќе информации за повикот има на: http://civicamobilitas.mk/mk/komponenti/2/cm-akt-02