fbpx
x
Мени

Рудници: Да или Не? – Регионален форум

Цивика мобилитас ви го најавува форумот за Југоисточниот регион „Рудници: да или не?“, кој ќе се одржи на на 5 декември во Домот на армијата во Струмица.

Пријава за учество: https://goo.gl/forms/KYMQKckaUrGeT56I3

Дискусијата ќе се фокусира на актуелната ситуација со издадените концесии за геолошки истражувања или за отворање на рудници. Иницијативите против рудници на југоистокот досега реализираа шест референдуми, од кои три успешни и три неуспешни. Тие тврдат дека доколку најавените компании добијат концесии за отворање на рудници, рудата ќе се вади со помош на експлозив и тешка механизација, а во процесирањето на рудата ќе биде користен цијанид кој е исклучително опасен за задравјето на луѓето. Се ова ќе води до нарушување на релјефот и загуба на шумите, што ќе значи комплетна промена на климата на ова подрачје. Од друга страна, се верува дека рудниците се надеж за невработените од Југоисточниот регион како и можност за менување на структурата на стопанствотокоја досега беше претежно текстилна и дрвопреработувачка.

Учесници:
- Градоначалник на Валандово, Перо Костадинов
- Градоначалник на Богданци, Блаже Шапов
- Градоначалник на Босилово, Зоран Зимбаков
- Градоначалник на Гевгелија, Сашо Поцков
- Раководител на Центар за развој на Југоисточен плански регион, Ѓуркова Жулиета
- Претставник на Министерството за економија (ДСП)
- Претставик од иницијатива „Југоисток против рудниците“

Цивика мобилитас ќе ги покрие патните трошоци за сите учесници кои се надвор од Струмица во висина на автобуска карта.