Работлница на тема: Градење на родова политика и јакнење на родовата еднаквост во Рурална Коалиција
Петок 02/10/2020, 09:00 - 12:00
Контакт: Сандра Димковска 077809717
Локација: ZOOM
(1) Рурална Коалиција, како еден од стратешките приоритети на кои што ќе работи во наредните 4 години е унапредувањето на положбата на жените во руралните средини и практикувањето на родовата еднаквост. Но, исто така како што секоја една работа започнува од својот праг, така и Рурална Коалиција започнува со најпрво во рамките на своите организациски капацитети да ја јакне родовата еднаквост и рамноправност.
(2) За таа цел, а во рамките на годишниот план за работа на Коалицијата, предвидена е изработка на политика за родова еднаквост која што всушност треба да биде основниот документ на кој што Рурална Коалиција ќе се повикува и и ќе го следи, а во насока на достигнувањето на родовиот баланс во секоја нејзина структура.
(3) За да документот биде на самата организацијата и за да го имаме сите чувството на сопственост како во изработката, а и понатаму во имплементацијата на родовата политика во организацијата, Рурална Коалиција Ве кани на дводневна онлајн работилница и тоа:
01 октомври 2020 година со почеток од 17:00 часот и
02 октомври 2020 година со почеток од 09:00 часот.