fbpx
x
Мени

Работилница: Застапување на барањата за економско јакнење на жените од руралните средини

Во рамките на проектот “Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница “, кој што Рурална Коалиција го спроведува во партнерство со здружението на жени фармери Моја Фарма од Гостивар се организира еднодневна работилница на тема: Лобирање и застапување на барањата на жените од руралните средини за нивно економско јакнење. Работилницата има за цел да ги зајакне капацитетите на жените од Руралното женско лоби во рамките на Коалицијата, а се со цел подобро претставување, но и застапување на нивните барања пред надлежните институции пред се тука се мисли на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Настанот ќе се одржи со почитување на сите здравствени важечки протоколи и ќе се организира во отворениот дел на ресторан Европа во Гостивар.