fbpx
x
Мени

Работилница: “ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВДА – СТОП НА НЕПРАВДИТЕ”

Контакт: +38923217-000

Локација: https://www.google.com/maps?q=duvet+hotel+macedonia&ll=42.000245,21.427631&spn=0.010668,0.022724&oe=utf-8&client=firefox-a&channel=fflb&t=h&z=16

Почитувани,

Траспаренси Интернешнл - Македонија (ТИ-М) со особено чест и задоволство Ве поканува да учествувате на работилница на тема “ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВДА - СТОП НА НЕПРАВДИТЕ”, која ќе се организира на 12 јуни 2017 година (понеделник) во Хотел Дувет во Скопје со почеток во 11:00 часот.

На работилницата ќе бидат презентирани наодите од анализите на кривични предмети кои беа подготвени од страна на експерти во рамки на проектот “СИТЕ ЗАЕДНО ПО ПАТОТ ДО ПРАВДА“ кој е поддржан од страна на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

Имено, на настанот ќе бидат презентирани заклучоците и препораките од подготвените анализи и при тоа ќе бидат потенцирани клучните наоди, лоцираните системски слабости и забелешки. Присутните граѓани, професори, судии, јавни обвинители, студенти, претставници од медумите и граѓани кои беа директно засегнати со предметите ќе имаат можност да дебатираат за презентираните наодите од извештаите се со цел да се разговара за понатамошни системски решенија.

Ве молиме потврдата за Вашето присуството да ја испратите на следната емаил адреса: info@transparency.mk, најдоцна до петок, 09.06.2017 година.

Со почит,

Д-р Слаѓана Тасева
Претседател