fbpx
x
Мени

ПСИХОДИЈАГНОСТИКА

Обуката за Психодијагностика – примена на психодијагностички тестови, техники и задачи, наменета е за дипломирани психолози, студенти по психологија кои се во завршна години од студирањето, психолози кои се вработени и сакаат да го усовршат своето знаење во областа на клиничката психологија и психодијагностиката, психолози кои сакаат да работат психотерапија, а кои имале малку пракса или воопшто немале пракса од клиничка психологија и психодијагностика.
Во текот на едукацијата, едукантите ќе се запознаат теоретски и искуствено со наведените психолошки тестови, техники и задачи и тековно ќе добиваат материјали од целокупната настава (од теоретскиот дел, тестови, тестовни прирачници). Секој едукант е задолжен да изработи пет Клинички досиеа, кои ќе бидат супервизирани со што ќе се овозможи наученото знаење практично да се провери и потврди. По завршувањето на едукативниот период и сите завршени обврски секој едукант ќе добие Сертификат изаден од ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР „Младен Костиќ“ АСПЕКТИ Скопје .
Вкупен број на часови за едукативната настава изнесува 200 часа
Обучувачи: Марија Спасовска, кл.психолог и мр Снежана Андреева, клинички психолог