fbpx
x
Мени

Прв панел во рамки на истражувањето „Граѓанските организации – активен или пасивен чинител во општествените промени“

Контакт: 02 2 466 444

Локација: Струга

Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје ве кани да присуствувате на панел дискусии кои ќе се одржат во рамки на истражувањето „Граѓанските организации - активен или пасивен чинител во општествените промени“, поддржано од Цивика мобилитас.

Панел дискусиите ќе се одржат во пет градови во земјава. Првата е закажана за 9-ти јуни во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, од 13 до 15 часот и фокусот ќе биде ставен на темата култура и влијанието на граѓанските организации од оваа област врз општеството.

Како претставници на граѓанското општество, се надеваме дека ќе земете учество и ќе присуствувате на самите панел дискусии, на кои ќе учествуваат и експерти од одделните области, како и граѓани од осумте плански региони во земјава.

Целта на настаните е да се соберат податоци и да се дојде до краен резултат кој треба да креира иновативна комуникациска алатка погодна за традиционалните и социјалните медиуми. Оваа алатка пак, ќе има цел да влијае врз знаењата, ставовите и улогата на граѓанските организации во општествената промена.

Во тек е пријавувањето за фокус групи во Струга и во Куманово, а повеќе информации за ова има на овој линк https://www.facebook.com/PublicAssociation/posts/696696457185381

Срдечен поздрав,
Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“.