fbpx
x
Мени

Прослава по повод недела на балканските Египќани

Контакт: 075-827-464 Вахид Мемед

Локација: Охрид,Струга,Ресен

Заедницата на балканските Египќани е живее во земјите на балканскиот полуостров Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Македонија, како заедница која е прзнаена согласно устав единствено е во Косово и Албанија додека во другите земји се ставени под други. Културните вредности на заедницата е многу малу промовирана пред пошироката јавност и граѓаните на Македонија и другите земји во балканот многу малку ги знаат карактеристиките на заедницата на Балканските Египќани.

Балканските Египќани како заедница која е запишана под други во уставот на Р.Македонија не ги уживаат целосно правата кои им се загарантирани со устав, а со тоа преставниците на Балканските Египќани немаат големи можности да соработуваат на институционално ниво и да креираат програми кои ќе нудат можности за подобрување на статустот на заедницата. Сето тоа води до висок степен на сиромаштија, проблеми во пристапот на образование, вработување и лоши услови за домување.

Граѓанските организации кои ја застапуваат заедницата се соочуваат со слаб капацитет и немаат големи можности да бидат активни чинители во процесот на креирање на одлуки. Поддршката од државните институции е на многу ниско ниво, државата не одвојува буџетски средства каде граѓанските организации ќе имаат можност да спроведуваат активности кои ќе ги промовираат основните човекови права и ќе ја покренат свеста како кај носителите на одлуки така и кај преставниците на заедницата на балканските Египќани.