fbpx
x
Мени

Промоција на студија за сексуално насилство во Р. Македонија

Сексуалното насилство во нашата земја е секојдневен проблем за кој многу малку се зборува. Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство спроведе истражување за различните форми на сексуално насилство во Македонија чиишто резултати ќе бидат презентирани во хотел Порта-Скопје, на 26 декември 2017 г. (вторник), со почеток во 11:00 часот.

Ќе ни биде особена чест да присуствувате на промоцијата на Студијата на опсег на различните форми на сексуално насилство во Р. Македонија и да дадете свој придонес во дискусијата.

Промоцијата ќе се одржи со поддршка на Квина тил Квина.