Промоција на „Локална стратегија за намалување на младинската невработеност кај Ромите преку претприемништво во општина Битола“
Младински културен центар – Битола во соработка со ГО Баирска светлина - Битола Ве покануваат на настан на кој ќе се промовира документот „Локална стратегија за намалување на младинската невработеност кај Ромите преку претприемништво во општина Битола“.
Настанот ќе се реализира на 25 август (петок) 2017 година со почеток во 12.00 часот во хотел Епинал во Битола.
Младински културен центар – Битола во соработка со ГО Баирска светлина - Битола, а со поддршка и партнерство на Општина Битола го имплементираат проектот “Активно учество во намалување на младинската невработеност кај Ромите во општина Битола”. Проектот е дел од програмата “Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи” со поддршка на фондови од Европската Унија.
Oпшта цел на проектот е поттикнување на институционална соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти на полето на младинската невработеност кај млади од немнозински етнички групи што ќе придонесе за демократизација и активно учество во креирање заеднички локални политики и подобрување на условите за намалување на младинската невработеност преку развој и стимулирање на претприемништво кај Ромската заедница.
МКЦ-Битола е институционален грантист на програмата Цивика Мобилитас.