fbpx
x
Мени

Промотивен настан во Општинa Лозово

Со цел подигнување на свеста кај населението од штетноста на електричниот и електронскиот отпад, ОЖОСВН заедно со Организација на жените на Општина Лозово организираат промотивен настан во Општина Лозово. Настанот е поддржан од Мрдни со Прст, а истиот ќе вклучува:
-работилница за деца и млади на тема:„Штетноста на електронскиот и електричен отпад“ со почеток од 16:00 часот, а
во 17:00 часот Мандолинскиот оркестар „Свети Николај“ од Свети Николе ќе настапи со својот репертоар во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Општина Лозово.