fbpx
x
Мени

Пристап до услуги на здравствена и социјална заштита за ЛГБТИ

Ве покануваме на јавната дискусија која има за цел да ги собере на едно место дел од клучните чинители за обезбедување на услуги на здравствена и социјална заштита за ЛГБТИ луѓето, како што се претставници од надлежните министерства, Комората на психолози на РМ, Здружението за социјални работници на РМ, претставници од медиумите, како и претставници од граѓанскиот сектор кои ги застапуваат правата на ЛГБТИ луѓето.

На јавната дискусија ќе бидат претставени дел од клучните предизвици со кои ЛГБТИ луѓето се соочуваат при пристапот кон услугите на здравствена и социјална заштита, идентификувани низ работата на ЛГБТИ организациите кои го фасилитираат пристапот кон овие услуги. Истовремено, ќе се направи обид да се одговори на ваквите предизвици преку предлагање на решенија кои ќе послужат при дефинирање на конкретни насоки и утврдување на приоритети за креирање и усовршување на интегриран пристап кон ваквите услуги.

Конечно, на дискусијата, традиционално ќе го одбележиме 17 Мај – Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата, со доделување на наградата „Поддржувач на годината“ со која оддаваме посебно признание на индивидуи, организации и институции за нивниот значителен придонес во кампањата за еднакви права за ЛГБТИ луѓето во РМ во изминатата година.

Агенда:

10:30 – 11:00 Регистрација на учесници
11:00 – 11:15 Воведни говори
11:15 – 12:15 Панел дискусија „Предизвици и потреби во пристапот кон услугите на здравствена и социјална заштита за ЛГБТИ луѓе“
Вида Гаврилоска – Психолог, семеен и системски психотерапевт, Институт „Алтернатива“, Субверзивен фронт
Давид Тасевски – Психолог, семеен и системски советник
Николина Николовска – Социјална работничка, Х.Е.Р.А.
Ивана Костовска – Социјална работничка, „Сигурна куќа“
Прашања и одговори со публиката
12:15 – 13:00 Доделување на наградата „Поддржувач на годината” и изјави за медиумите
Мила Царовска – Министерка за труд и социјална политика
Ѓултен Мустафова – Државна советничка за недискриминација и човекови права при МТСП
Антонио Михајлов – Претседател на Управен одбор на Субверзивен фронт
13:00 – 14:00 Коктел

*Настанот ќе биде на македонски јазик*