fbpx
x
Мени

Поинаков поглед кон себе – промотивна работилница

ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР „Младен Костиќ“- АСПЕКТИ исток, организира ПРОМОТИВНА РАБОТИЛНИЦА за развој на животните вештини под наслов : ЕДЕН ПОИНАКОВ ПОГЛЕД КОН СЕБЕ.

Оваа работилница ќе биде почеток на циклусот работилници кои ќе следат понатаму во насока на истражување на сопствените потенцијали, определување на тоа каде сме и што сакаме да постигнеме, работа и разрешување на внатрешни конфликти, анксиозни и стресни состојби, надминување на чувството на несигурност и страв. Разбирање и разрешување на отпорите во себе и развивање на креативни пристапи кои ќе овозможат надминување на неуспесите во љубовта, работата, учењето семејството, комуникацијата со другите луѓе, како и стресовите кои секојдневно произлегуваат од нив.
Во текот на тренингот ќе се применуваат ГЕШТАЛТ методите и техниките на работа. Работилниците ќе бидат искуствени и едукативни кои ќе овозможат лично истражување на сопствените животни стратегии за постигнување на личен успех преку учење на еден поинаков поглед на себе.

Работилниците ќе ги водат обучени и лиценцирани гешталт психотерапевти со ЕАГТ - сертификати издадени од Европската асоцијација на гешталт терапевти.

ЦЕЛИ:
- Откривање на сопствените отпори и нивна разработка и разбирање;
-Доживување на себе како посигурни, посреќни и поуспешни во секојдневните животни ситуации;
- Запознавање со гешталт методите и пристапот во психотерапијата;

ПРИЈАВА:
Тренингот е наменет за сите оние кои имаат потреба од развој на сопствените животни вештини, кои се мотивирани за истражување на себе и кои сакаат да бидат посреќни и поуспешни, како и за оние кои се мотивирани да научат нешто повеќе за примената на ГЕШТАЛТ МЕТОДИТЕ И ПСИХОТЕРАПИЈАТА.
ПРИЈАВУВАЊЕ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ на тел 075-474-626
РОК: 10 септември 2017 г.

СЕРТИФИКАТИ:
По завршување на тренингот и циклусот работилници, присутните ќе добијат сертификати за завршен тренинг со вкупно 32 часа.