fbpx
x
Мени

Охрид: Информативна сесија за повикот за акциски грантови ЦМ-АКТ-02

Контакт: Civica Mobilitas

Локација: НУЦК "Григор Прличев", Охрид

Граѓанските организации и непрофитните научно-истражувачки установи кои се заинтересирани за повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас може да учествуваат на Инфо сесијата што ќе се одржи на 27 април 2016 година, од 11 до 13 часот, во НУЦК "Григор Прличев", Охрид.

Тимот на Цивика мобилитас подетално ќе информира за повикот, за тоа какви активности се очекуваат, кои трошоци се подобни, што содржи пријавата и кој е рокот за поднесување.

Повикот за акциски грантови е отворен од 15 април 2016 година.

Повеќе информации за повикот има на: http://civicamobilitas.mk/mk/komponenti/2/cm-akt-02