Обука за интегритет и професионални стандарди на новинарите во истражувачкото новинарство
Институтот за човекови права (ИЧП) и Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамките на заедничкиот проект „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од Британска амбасада Скопје, објавуваат повик за пријавување на новинари на Обуката за интегритет и професионални стандарди на новинарите во истражувачкото новинарство кој се спроведува во рамки на проектот.
За успешна реализација на Обуката како експерт ќе биде ангажиран реномираниот истражувачки новинар Паул Раду од Романија.
Работен јазик на Обуката ќе биде англискиот.