fbpx
x
Мени

Обука за документирање случаи на прекршување на правата на маргинализираните заедници (заедно со ГО Стар-Стар)

На оваа обука, во првата сесија, ќе се даде еден вовед во човековите права и заштитата од дискриминација со фокус на маргинализираните заедници со најчестите случаи на прекршување на правата, а тоа се правата на сексуалните работници. Дополнително ќе се прикажат и прекршување на правата на други маргинализирани заедници.
Обуката ќе има за цел да објасни каде да се пријави прекршување на правата, потоа ќе се разговара за заштитата на здравствените права, заштита на права во полициска постапка и заштитата од насилство, дискриминација и говор на омраза. На крајот ќе следат дискусии искуства со пријавување случаи до надлежни институции.
Во вторта сесија ќе се работи на документирање на случаи на прекршување на права како и претставување на формуларот за документирање случаи.
Обуката ќе вклучува и работа во групи на случаи на прекршување на правата на сексуалните работници, по што ќе следи презентација и дискусија. На крајот од оваа сесија ќе се разговара за индите чекори.