fbpx
x
Мени

Национално дебатно првенство за почетници 2018

Националното дебатно првенство за почетници е најзначајниот и најголемиот дебатен турнир кој Младински образовен форум го организира за новите дебатери, членови на МОФ. На овој турнир дебатерите имаат прилика за прв пат во пракса да ги применат вештините за дебата и аргументирано изразување кои ги стекнуваат на неделните предавања во нивните дебатни клубови.

Турнирот ќе се одржи на 9, 10 и 11 март во Скопје.

Формат: World Schools Debate Format

Локација на одржување: Дополнително ќе биде објавена.

Рунди: Турнирот се содржи од 5 прелиминарни рунди, полуфинале и финале. На прелиминарните рунди ќе се дебатира на една подготвена теза и една импромпту теза.

Однапред подготвената теза гласи:

“Овој Дом Верува Дека важни здравствени одлуки за деца треба да се носат од медицински професионалци наместо од нивните родители.”

На турнирот ќе бидат зададени две импромпту тези, односно тези кои на дебатерите ќе им бидат објавени 45 минути пред почетокот на дебатата со цел да им се овозможи време да ги припремат своите случаи.

Во полуфинале ќе се дебатира на импромпту теза, а во финалето ќе се дебатира на веќе зададената теза.

Регистрација на тимови: https://goo.gl/forms/NbcZ1Xfr8eY3hpVx2

Регистрација на судии: https://goo.gl/forms/4kE3jbscUpHOzzr73

Националното дебатно првенство за почетници е поддржанo од Програмата Civica Mobilitas реализирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).