Младинскиот клуб да предложи кандидат за новиот состав на Одборот на Фондација Фокус
Во рамки на активностите поддржани од програмата на Цивика мобилитас, Фондација за локален развој и демократија Фокус, на 30.06.2017 година ја одржа средбата со претставници на млади лица од локалната заедница. Тие имаа можност да се запознаат со мисијата и визијата на Фондацијата како и за плановите и проектните идеи кои има намера да ги реализира во иднина. На средбата присуствуваа матуранти, средношколци и студенти. Тие покажаа голем интерес да бидат дел од програмите на Фондацијата поврзани со младите.
Извршниот директор на Фокус Убавка Јаневска им потенцираше дека вратите на Фондацијата се отворени за нив и нивните креативни идеи, а иницираше и нивна поголема вклученост во програмите за млади на Еразмус +.