fbpx
x
Мени

Македонски енергетски форум

Контакт: info@mef.mk

Локација: Струга, Р.Македонија

Со особено задоволство го објавуваме одржувањето на Македонскиот енергетски форум 2018 на 7 и 8 јуни во хотел „Изгрев“, Струга www.mef.mk . Форумот е поддржан од Влада на Република Македонија и АД Електрани на Македонија, организирано ЗИП Институт.

Македонскиот енергетски форум 2018 ќе биде платформа на која ќе бидат споделени и директно комуницирани светските трендови во енергетиката и нивното влијание во Македонија и на Балканот. На форумот ќе гостуваат предавачи од САД, Европа, претставници од Европската енергетска заедница, членови на Владата на Република Македонија, професори и експерти од МАНУ што ќе дискутираат на различни теми од областа на енергетиката.

Клучното и водечко мото на Македонскиот енергетски форум 2018 ќе биде „Решенија во енергетиката денес – алтернативи за иднината“. Повеќе на www.mef.mk