Конференција „Превенција и заштита од насилство врз жени мигрантки кои транзитираат“
Среда 28/09/2016, 06:00 - 15:00
Контакт: Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
Локација: хотел Порта, Скопје
Почитувани,
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство има задоволство да Ве покани на конференција „Превенција и заштита од насилство врз жени мигрантки кои транзитираат“која ќе се одржи на 13 април 2016 година, среда со почеток во 10:00 часот во Хотел Порта, Скопје.
Конференцијата е дел од активностите во рамки на проектот „Спречување на насилството врз жените во согласност со ЕУ стандардите“ чија цел е воспоставување на ефективна законска рамка и систем за заштита и подршка на жените од сите форми на насилство во согласност со Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството брз жените и домашното насилство (Истанбулска Конвенција) поддржан од шведската фондација Квина тил Квина. Исто така е дел од активностите во рамки на проектот „Насилството врз жените и медиумите: Унапредување на техниките за известување и медиумска покриеност на случаи на насилство врз жени“ чија општа цел е унапредување на соработката на граѓанските организации и медиумите во насока на подигнување на свеста кај пошироката јавност за постоење на различни форми на насилство врз жени, како и заеднички настап во процесот на застапување за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и заштита од насилство врз жени и домашно насилство. Проектот е грантиран од програмата Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ), а во имплементација на Националната мрежа против насилство врз жената и семејно насилство – Глас против насилство.
Ве покануваме да назначите претставник/чка од Вашата организација кој/а ќе земат учество на конференцијата.
Ве молиме да го потврдите Вашето учество на следната е-маил адреса:coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk најдоцна до 12ти април 2016 година, вторник.
За дополнителни информации можете да не контактирате на: тел. 078442006, и на е-маил:zurija@glasprotivnasilstvo.org.mk