Јавна дискусија „Како до квалитетна публика?“ Битола отворен град 2017
Вторник 27/06/2017, 19:00 - 20:30
Контакт: mkcbt@t.mk
Локација: Битола
Јавната дискусија се темели на документот ”Audience is Watching You – Challenges to Audience Development by Independent Cultural Organizations in Bosnia and Herzegovina, Macedonia and Serbia”, кој покрај заклучоци од серија јавни дискусии, содржи и препораки за донаторите и креаторите на политики, за истражувачите, образовните институции, граѓанските организации и културните работници.
Документот е изработен од експертски тим, во состав: Иван Додовски, Горан Томка и Аида Везиќ, преку консултативен и партиципативен процес, кој се разви во рамките на регионалниот проект “Публиката ве гледа”, кој партнерски го реализираат организациите: МКЦ – Битола, Независна културна сцена на Србија и Младински културен центар „Абрашевиќ“ од Мостар, а со поддршка на Програмата за регионална соработка на регионалната платформа за култура „Кооператива“.
Целта на оваа дискусија е да соопштаат резултатите од истражувањето, да се прошири кругот на вклучени страни и јавно да се разговара за препораките и за нивното спроведување.
Во јавната дискусија ќе учествуваат:
Г- дин Владимир Лазовски– Заменик министер за култура на Република Македонија со поздравно обраќање
Воведничари:
проф. д-р Иван Додовски - Универзитет Американ Колеџ Скопје,
Петрит Сарачини - Министерство за култура на Република Македонија и
Маја Ангеловска – МКЦ - Битола
Модератор на настанот ќе биде д-р Сашо Додовски.
МКЦ-Битола е институционален грантист на програмата Цивика Мобилитас.