Истражувачки семинар на тема Праведно оданочување
Асоцијацијата на економски истражувачи, продолжува со организирање истражувачки семинари.
Овој пат ќе се дискутира на тема "Праведно оданочување"
Презентер на темата ќе биде Бојана Мијовиќ Христовска од Аналитика -тинк тенк, која ќе се фокусира на даночниот систем во РМ од 90-тите година па се до денес, на структурата на даночните приходи, како и ќе даде препораки за реформи за праведно оданочување и предностите од прогресивното оданочување.