fbpx
x
Мени

Фокус помага годинава да се запишат двајца студенти од социјални немоќни семејства

Фондација за локален развој и демократија Фокус започна со акција за собирање средства за упис на студент од социјално немоќно семејство. Годинава Фокус ќе поддржи упис на двајца матуранти на државен факултет во учебната 2017-2018 година.
Затоа апелираме до граѓаните, кој колку може, да го донира својот доброволен прилог во касичките на Фокус поставени во маркетите на Алфа и Вемарк и во хотелите Романтик и Гардениа. На тој начин ќе помогнат на одличен, одговорен и желен за знаење и успех матурант чија единствена пречка да стекне високо образование е немоќта на семејството.