fbpx
x
Мени

Дискусија за регионалниот развој на граѓанското општество во РМ

Контакт: 022444766

Локација: Јавна Соба, Скопје (50та Дивизија, 22, 1000 Скопје

Центарот за еконосмки анализи во рамки на проектот Фискална децентрализација за подобар регионален развој на граѓанското општество, поддржан од CIVICA MOBILITAS организира средба на ден 09.06.2017 (петок) од 11:00 часот во Јавна Соба, Скопје (50та Дивизија, 22, 1000 Скопје), со претставници од сите осум Центри за регионален развој.
Целта на оваа дискусија е да се открие Вашата перцепција (перцепција на Центарот) за влијанието и функционирањето на граѓанското општество во РМ, односно вашите ставови и поврзаноста на Центарот со граѓанските организации од регионот. За оваа цел ги покануваме Раководителот и Лицето надлежно за имплементација на проекти или за спроведување активности за регионален развој.
Проектот ги покрива патните трошоци како и дневница во висина од 700 денари (бруто) за секој учесник (најмногу двајца од еден Центар за регионален развој).
Дополнително, по завршувањето на дискусијата, предвиден е ручек за присутните.

Ве молиме, да ни го потврдите присутвото кое е од особено значење до 08.06.2017 (четврток) до 16:00 часот.