Digit Day – Битола отворен град 2017
Четврток 29/06/2017, 18:00 - 23:55
Контакт: mkcbt@t.mk
Локација: Битола
18.00 Работилница за модна илустрација
Локација: парк кај Саат кула Битола
21.30 Моден перформанс + ДЈ сет Melani Digit
Локација: кафе бар Instinct
Мелани Дигит е мултимедијален артист, моден дизајнер, ДЈ, перформер и продуцент.
Како дизајнер се има претставувано на скоро сите фестивали и настани во Македонија, на Месец на дизајн во Љубљана и два пати на Асембли фестивал во Граз, Австрија. Како перформер има учествувано во Тотална ликвидација на Јана Манева Чуповска, Молк на Исмет Рамиќевиќ и во свој Motion – видео перформанс.
Како продуцент има две ЕП изданија за австралиски и португалски лејбл.
Работилницата за Модна илустрација ќе има теоретски и практичен дел и е отворена за сите кои сакаат да се вклучат.
Модниот перформанс ќе биде поддржан од ДЈ сет - повеќе нијанси на електронска музика и електричен развој со акцент на електроклеш.
МКЦ - Битола е институционален грантист на програмата Цивика Мобилитас.