fbpx
x
Мени

Дезинфекција на дрвјата во центарот на градот

Младите волонтери на Центар за одржлив развој на заедницата во склоп на проектот „Заедно за чист Дебар“, финансиран од Швајцарската агенција за развој СДЦ, преку програмата Цивика мобилитас, организира Акција за дезинфекција на дрвјата во Центарот на Дебар од штетни инсекти. Во акцијата освен волонтерите ќе учествуват и граѓаните кои живеат во околните згради, лицата сопственици на продавници на улицата како и млади гости од збратимениот град Ифс од Франција кои ќе престојуват во месец јули во Дебар.
Работните материјали и средствата за дезинфекција ќе ги обезбеди ЦОРЗ Дебар.