fbpx
x
Мени

Депонии: кога и каде? – Регионален форум

Цивика мобилитас ви го најавува форум за западниот регион „Депонии: кога и каде?“, кој ќе се одржи на на 4 декември во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Пријава за учество: https://goo.gl/forms/lwUBtet3b2CUAMvw2

Дискусијата ќе проба да го одговори долгогодишниот проблем со справување со депониите. во Македонија има 54 комунални депонии, кои ги загадуваат подземните води, почвата и воздухот, а експертите проценуваат дека 16 депонии се со висок, 16 со среден, а 19 со низок ризик за животната средина. Единствено, скопската депонија „Дрисла“ има интегрирана дозвола за управување со отпад, а покрај комуналните, кои најчесто не ги исполнуваат минималните технички услови за да аплицираат за добивање дозвола, во Македонија има уште околу 1.000 диви депонии.

Досега имало неколку обиди да се стават во функција регионални депонии, но досега не е постигнат споразум меѓу локалното население кое е загнато од овој проблем и Министерството за животна средина кое ги дава предлозите за локација.

Учесници :
- Градоначалник на Струга, Рамиз Мерко
- Градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари
- Градоначалник на Желино, Бљерим Сејди,
- Градоначалник на Брвеница, Енвер Пајазити,
- Градоначалник на Јегуновце, Дарко Блажески,
- Директор на Центар за развој на Полошкиот плански регион, Фатмир Саити,
- Претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање (TBC)
- Пакомак (TBC)
- Везе Шари (TBC)

Цивика мобилитас ќе ги покрие патните трошоци за сите учесници кои се надвор од Тетово во висина на автобуска карта.