fbpx
x
Мени

Дали новите фабрики влијаат врз политичкиот успех на власта

Презентерот Предраг Пандилоски во трудот се фокусира на влијанието на новите индустриски зони за СДИ врз политичкиот успех на власта во периодот 2006-2016. Изградена е нова датабаза со панел податоци од 2976 изборни места, за прв пат дигитализирани од Државна изборна комисија за истражувачки цели.
Истражувањето покажува дека отворањето на индустриска зона во близина на одредено изборно место ги зголемува гласовите за власта во просек за 2-3 % и истовремено ги зголемува шансите за победа за околу 6-7% во изборното место. Колку избирачкото место е поблизу до индустриската зона толку е поголема поддршката за власта, односно поконкретно еден километар поблизу до индустриската зона е поврзан со раст за поддршка за власта од 0.05%.
Резултатите од истражувањето се консеквенти за согледување на социо-политичките ефекти на СДИ и на нивната врска со политичките актери.