fbpx
x
Мени

Аргументи за и против одржување на режим на фиксен девизен курс со посебен осврт на РM

Во денешното променливо и динамично опкружување, еднаш избран режим на девизен курс не подразбира негово постојано одржување. Изборот на соодветен режим на девизен курс за една земја зависи од специфичните околности и карактеристики на земјата како и од условите во даден временски период.
Дали Република Македонија треба и понатаму да одржува режим на дефакто фиксен девизен курс со постојната стратегија на таргетирање на девизниот курс или е кандидат за промена на режимот?