Акција за чистење „В’џеб, ако нема каде друго“
Понеделник 19/06/2017, 17:00 - 20:00
Контакт: www.facebook.com/LEAD.Skopje - levizjalead@gmail.com
Локација: Скопје
Група млади луѓе, организирани од Движењето за едукација и унапредување на дијалогот ЛЕАД, во понеделник спроведе акција на чистење од отпадоци во Градскиот парк во Скопје, под мотото „В џеб, ако нема каде друго!“. Акцијата започна во 17 часот, а собирно место е Фонтаната во Градскиот парк.Ова е првата од планираните седум акции за чистење на разни делови на Скопје и околината, во наредните седум месеци. Со оваа акција започа втората фаза на Преоктот „В џеб, ако нема каде друго!“. Првата се реализираше на Водно во текот на минатата година. Покрај расчистувањето на локациите, акцијата има за цел и да ја подигне јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина. За таа цел, групата активисти носеа маици со слоганот „В џеб, ако нема каде друго!“. Исто така, акцијата овозможува младите од различни етнички заедници да работат заедно и да се дружат.