“Децата се нашата иднина – Безбедност пред се“,
Тема: Покана за заедничко учество на проект согласно договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Швајцарската конфедерација преку програмата Civil society support facility – Civica Mobilitas
Учесници: Претставници од Основните училиште, Бизнис заедницата Волонтери, Невладини организациии, и други партнери од Североисточниот Плански регион
Webinar – Бизнис комуникација
обука за бизнис вештини
Бесплатно предавање: Како да организирате успешен вебинар?, почеток: 30 март 2017
30 март 2017, 14.00 часот (онлајн предавање)
Онлајн предавањето (вебинарот) е наменет за организации кои работат во областа на образование на возрасни, како што се училишта за странски јазици и компјутери, организации кои организираат предавања за своите членови или корисници, здруженија на граѓани, работнички универзитети, и воопшто секого вклучен во областа на образование на возрасни.
Предавањето ќе ви помогне да научите:
– кои се предностите во користењето на вебинарите во образованието на возрасни
– како ефективно да го промовирате вашиот вебинар
– како да организирате успешна вебинар сесија (предавање)
– кои вебинар алатки можете да ги користите во вашите предавања/курсеви
Содржина на вебинарот: презентација + прашања/дискусија
Времетраење: 1 час
Цена: учеството е бесплатно
Јазик: македонски
Потребна опрема: секој учесник треба да има компјутер со камера, добар Интернет, и слушалки со микрофон.
Регистрација: ве молиме пратете мејл со следниве податоци: име и презиме, својство (предавач, обучувач. итн.), име на организација од која доаѓате, образовна област (пр. странски јазици) во која сте активни, како и телефон за контакт, на info3@deso.mk.
* Секој учесник добива и сертификат.
Во насловот на пораката напишете: за вебинар 30 март 2017.
Пријавувањето е најдоцна до 29 март 2017. Бројот на учесници е ограничен.
Финансирано од програмата на Европската унија Еразмус+
Национани Симболи, културна меморија и политички идентитети во Р.Македнија
Панел дискусија и презентација од спроведената анкета од добиениот мал акциски грант од Civica -Mbilitas. во сорабока со МЦМС.
Вебинар: Запознавање со новата е-платформа на програмата Цивика мобилитас, 27 април 2017
Термин: 27 април 2017
Времетраење: 30 мин-1 час
Како дел од програмата на Цивика мобилитас, беше изработена Е-платформата која има за цел да ja зголеми и подобри употребата на информатички и комуникациски технологии (ИКТ) во промовирањето на работата, соработката, и развојот на ГО во Република Македонија. Оваа платформа е изградена за користење од страна на грантистите на ЦМ, како и за другите актери на граѓанското општество и нивните конституенти. Предвидено е оваа платфрома да се користи за соработка, истражување и развој, и за учење и споделување.
Вебинарот:
– ќе ви ги претстави новите функционалности на е-платформата на Цивика мобилитас
– ќе ви покаже како да ја користите е-платформата во вашата работа.
Регистрација: ве молиме пратете мејл со следниве податоци: име и презиме, име на организација од која доаѓате на elena.deskovska@deso.mk.
Ретките болести на Скопски Маратон
Здружението на граѓани за ретки болести Живот со Предизвици ја продолжува традицијата на учество на Скопски Маратон и во 2017 година овој пат со заеднички сили со здружението ХАЕ Македонија во соработка со Скопски Маратон и групата Скопско Ноќно Трчањe. ХАЕ Македонија го одбележуваат денот на Хередитарен Ангиоедем под мотото – „Отекувам, но не се повлекувам – трчам!“.
Повеќе информации на линкот: http://challenges.mk/?p=4251
Ретките болести на Скопски Маратон
Здружението на граѓани за ретки болести Живот со Предизвици ја продолжува традицијата на учество на Скопски Маратон и во 2017 година овој пат со заеднички сили со здружението ХАЕ Македонија во соработка со Скопски Маратон и групата Скопско Ноќно Трчањe. ХАЕ Македонија го одбележуваат денот на Хередитарен Ангиоедем под мотото – „Отекувам, но не се повлекувам – трчам!“.
Повеќе информации на линкот: http://challenges.mk/?p=4251
Обука: Како да ја користите новата Е-платформа на Цивика мобилитас
Термин: 19 мај 2017, со почеток во 11.30 часот
Локација: Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)
Времетраење: 4-5 часа
Обуката се спроведува во рамки на проектот Е-платформа за соработка и развој на граѓанското општество во Република Македонија, финансиран преку специфичен грант од програмата Цивика мобилитас.
Ве молиме потврдете го вашето учество на elena.deskovska@deso.mk, или на 02 32 32 290 (Елена) најдоцна до среда 17 мај 2017.
Бројот на учесници е ограничен.
Битно: Се молат учесниците да донесат свои лап топ компјутери.
Какви промени кај данокот на добивка се потребни?
На трибината беа допрени прашања за тоа дали на Македонија ѝ е потребен прогресивен данок на добивка, како треба да биде третирана реинвестираната добивка, кои се предизвиците со кои се соочуваат претпријатијата и сл.
Говорници на трибината :
– Катерина Бошевска („ЕОС Матрикс“, претпријатие за финансиски услуги)
– Бранимир Јовановиќ (Асоцијација на економски истражувачи)
– Павле Гацов (Агенција за сметководствен, даночен и бизнис консалтинг „Про агенс“)
– Борче Смилевски (Центар за даночна политика)
Модератор на настанот -Славко Лазовски од Центарот за даночна политика.
Запознавање со е-Платформа
хххх