fbpx
x
Мени

Вести

Цивика мобилитас ги промовираше последните 24 грантисти

Цивика мобилитас денес (22 декември 2017 година) во х. Арка во Скопје ги промовираше новите мали и ад хок грантисти. „Денес ги доделуваме последните 24 грантови во оваа фаза на програмата. Во изминатите три години, доделивме 221 грант за 212 организации, осум стипендии е еден грант за практикантство“, рече во своето обраќање Александар Кржаловски, Национален […]

Регионален форум „Рудници – Да или Не?“: Повеќе од јасно, сите се за НЕ!

Четворица градоначалници, претставничка на граѓанска иницијатива и раководителка на Центарот за развој на Југоисточен плански регион беа панелистите на Регионалниот форум „Рудници – Да или Не?“, што се одржа на 5 декември 2017 година во Струмица, а се однесуваше на актуелната ситуација со веќе отворените рудници, како и дадените концесии за отворање нови рудници во […]

Проблемот со депониите е длабок и потребно е долгорочно решение

„Депонии – каде и кога“, беше темата на регионалниот форумот кој се одржа денеска во Тетово, на кој учествуваа градоначалници и претставници на граѓанските организации, како и претставници на државни институции. Форумот беше организиран од страна на програмата Цивика мобилитас.

Регионални форуми на Цивика мобилитас

Цивика мобилитас ги најавува двата регионални форуми, кои ќе ги организира во југоисточниот и во полошкиот регион. Форумот „Депонии: каде и кога?“ ќе се одржи на 4 декември со почеток од 10 часот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и уште еднаш ќе го актуелизира долгогодишниот проблем со депониите и барањето решенија за нив. […]

Заврши третата средба за вмрежување на грантистите на Цивика мобилитас

Вкупно 186 претставници на граѓанските организации поддржани од програмата Цивика мобилитас, на 24 и 25 октомври 2017 година во Охрид разменуваа знаења и искуства од секојдневната работа и дискутираа за тоа како да ги направат повидливи промените што ги прават во општеството.

„Во државниот сектор се оди со водени чизми на нозете“

„Позитивна страна од преминот од граѓанскиот сектор во државна институција е што се отвора простор за вклучување нови луѓе и свежи идеи. Негативната страна од овој трансфер е тоа што граѓанскиот сектор се ослабнува бидејќи тој треба да биде критика на Власта“, рече Бранимир Јовановиќ на тематскиот форум на Цивика мобилитас „Соработка помеѓу новата Влада […]

Грантистите на Цивика мобилитас на трета Средба за вмрежување

„Во последниот период видовме дека кога има транспарентно и инклузивно граѓанско општество, дури и етничката поделеност станува помала и различните заедници можат да делуваат за нивната заедничка кауза.

„Да научиме трајно да живееме заедно е предизвик!“

„Нема состојба или проблем што не може да се надмине или реши ако има критична маса разумни луѓе, а такви најдов во граѓанскиот сектор“, рече меѓу другото Лилјана Поповска на денешната (19.10.2017 г.) промоција на нејзината публикација „Мултикултурни поврзувања во граѓанскиот сектор во Република Македонија – влијание врз јавните политики и социјалната кохезија“.

Успешно затворен Денот на граѓанските организации

Во Градскиот парк на „Школка“ во Скопје се одржа Националниот форум на Цивика мобилитас насловен како „Граѓаните за промени – Ден на граѓанските организации“. „Многу е важно да се запамети дека организациите на граѓанското општество се гласот на нивните конституенти и дека довербата на граѓаните е темел на нивната законитост“, рече Амбасадорката на Швајцарија во […]

Граѓаните за промени – Ден на граѓанските организации

Во Градскиот парк на „Школка“ во Скопје штотуку почна Националниот форум на Цивика мобилитас насловен како „Граѓаните за промени – Ден на граѓанските организации“. Добредојде на сите присутни посетители, активисти, заинтересирани граѓани им посака Даниела Стојанова, координатор на програмата Цивика мобилитас. 

1 11 12 13 14 15 21