fbpx
x
Мени

Вести од грантистите

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

Урбан дијалог… денови на креативно работење во Маврово

Напишано од: Гаус Институт

Објавено: 22/12/2015

Претставници на Гаус Институт, МНД-Битола, граѓанските организации „Новак 2014“-Новаци и Лидер Плус -Могила, од 14 до 16 декември во Маврово, врз принципот „работа во мирни услови“ (Work in Peace), што значи не под притисок на урбаниот метеж и нон-стоп ѕвонење на мобилните телефони, одржаа „Обука за обучувачи“.

Покана за хуманитарна забава

Напишано од: Анима Мунди

Објавено: 18/12/2015

Драги пријатели на животните, Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ организира и ве кани на предновогодишна забава за помош на животните која ќе се одржи во клубот КОНЦЕПТ 37 (Рузвелтова 37) на 20.12 (недела) од 21:30 часот.

Интер-етнички дијалог и соработка помеѓу младите во Македонија

Напишано од: Институт за истражување на политики и добро владеење

Објавено: 17/12/2015

Институтот за истражување на политики и добро владеење – ИПДВ во рамки на програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана oд Македонски центар за меѓународна соработка МЦМС , НИРАС од ДАНСКА и Шведскиот Институт за Јавна администрација ( СИПУ) финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) ја реализираше првата обука во рамките на проектот “Интер-етнички дијалог и соработка помеѓу младите во Македонија”.

ВЕГЕФЕСТ – Револуција која почнува во твојата чинија, за права на животните!

Напишано од: Анима Мунди

Објавено: 13/11/2015

Недела, 15 ти ноември, хотел Континентал. Влез бесплатен.

Почитувани,
И оваа година со огромна радост го најавуваме ВЕГЕФЕСТ, фестивалот кој го организираме по четврти пат, со цел да го насочиме вниманието кон најобесправените, речиси невидливи битија на овој свет – фармските животни. Секојдневно искористувани, свирепо убивани за храна, мода и профит, лишени од слобода и од можност нормално да живеат според карактеристиките на својот вид, овие сетилни битија во модерното конзумерско општество се сведени на продукти и предмети, безгласни робови на кои им е одземено достоинството, одгледувани и размножувани во ужасни услови, деградирани до болка, со една единствена цел – свирепа непотребна експлоатација.

Продолжување на повик за два региони (1) источен и (2) полошки со краен рок до 15 октомври

Напишано од: Македонски центар за европско образование

Објавено: 07/10/2015

Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) во рамки на акцијата финансирана од ЦИВИКА МОБИЛИТАС: „Трансфер на знаење за политиките на ЕУ за намалување на разликите меѓу граѓанските организации од скопскиот и другите плански региони“, објавува:

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОВИК
За аплицирање за мали локални иницијативи (до 30.800 денари) на граѓански организации за граѓанско учество со ЕУ вредности на локално ниво за регионите (1) источен и (2) полошки.

Стружани се за една изборна единица и отворени листи

Напишано од: Диверзити медиа

Објавено: 07/10/2015

Стружани беа домаќини на првата јавна дискусија на Диверзити медиа, насловена како „Изборните системи во интерес на граѓаните или политичките партии“. Еден од учесниците во дискусијата, политикологот Башким Бакиу се заложи за системот во кој Македонија ќе биде една изборна единица, додека да се исклучи можноста да се избираат пратеници од дијаспората.

Успешна акција за чистење на Водно

Напишано од: Движење за едукација и унапредување на дијалогот ЛЕАД

Објавено: 29/07/2016

Движењето ЛЕАД по третпат спроведе акција на чистење на падините на Водно. Групата млади од различна етничка припадност се собра на Средно Водно, од каде што ја започна акцијата за собирање отпадоци под мотото „В џеб, ако нема каде друго!“. Младите, облечени во маици со ова мото, имаа поддршка и од присутните граѓани кои веќе се наоѓаа на Водно.

Сите пречки се мали ако луѓето се големи

Напишано од: Младите Можат

Објавено: 25/08/2016

На 15.08.2016 во ЕУ Инфо центарот во Скопје, „Младите можат“ организираа настан наречен „Сите пречки се мали ако луѓето се големи“. Целта беше да се придонесе за социјалната инклузија на лицата со сетилна попреченост .

14та Меѓународна младинска конференција „Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа“

Напишано од: Младински Сојуз - Крушево

Објавено: 26/08/2016

Младински Сојуз – Крушево, годинава, традиционално по 14ти пат ќе ја организира Меѓународната младинска конференција од 22 до 26ти септември во Крушево.

Одржан тренинг за новата генерација предавачи по дебата на МОФ

Напишано од: Младински образовен форум

Објавено: 28/09/2016

На 24 и 25 септември, во просториите на Младинскиот образовен форум, се одржа тренингот за дебатни тренери. Тренингот го организираше „Дебатната програма“, а учествуваа дебатери од неколку градови во Македонија и тоа: Скопје, Велес, Тетово, Штип, Неготино, Струмица, Дебар, Кичево и Прилеп.

1 50 51 52 53