x
Мени

Вести од грантистите

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

Тркалезна маса и мултимедијален настан „Уметниците за човекови права“

Напишано од: ЦИВИЛ

Објавено: 28/03/2016

ЦИВИЛ – Центар за слобода и ЦИВИЛ Арт Дивизија Ве покануваат на тркалезна маса и мултимедијален настан „Уметниците за човекови права“ на 29 март (вторник) во ГЕМ Клуб и Менада, со почеток во 18 часот.

Прва психоарт работилница на Гешталт центарот

Напишано од: Гешталт центарот „Младен Костиќ“ Аспекти

Објавено: 25/03/2016

На 16 март 2016 година во просториите на гимназијата „Гоце Делчев “ во Куманово, стручниот тим на Гешталт центарот „Младен Костиќ“ Аспекти, ја одржа првата психоарт работилница.

Битолските новинари задоволни од работата на судот, но не и од затвореноста на обвинителството

Напишано од: Здружение на граѓани „СВЕДОК“

Објавено: 18/03/2016

Здружението на граѓани „Сведок“ – веб порталот Сведок и Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ, во Битола организираа работилница за новинари на тема „Јавноста во кривичната постапка“, како дел од проектот „Мониторирај и известувај, фаза 1 Истрага“, поддржан од Цивика мобилитас, што го спроведува „Сведок“.

ЗНМ го одбележа својот 70-ти јубилеј

Напишано од: Здружение на новинари на Македонија

Објавено: 04/03/2016

Здружението на новинари на Македонија на 19-ти февруари го одбележа својот јубилеј 70-години од своето основање.

Реакција на настаните поврзани со поставувањето на споменикот на двоглав орел во Топанско Поле и камен темелник на крст во Општина Бутел

Напишано од: АДИ

Објавено: 03/03/2016

Асоцијацијата за демократски иницијативи, како дел од проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“, испраќа реакција по повод настаните и инцидентите поврзани со поставувањето на споменикот на двоглав орел во Топанско Поле и камен темелник на крст во Општина Бутел.

Нова информативна средба за миграциите

Напишано од: ИЗВОР - Кратово

Објавено: 02/03/2016

Неформалната мрежа на граѓански организации од општините Липково, Куманово, Кратово и Старо Нагоричане продолжува со информативните средби поврзани со состојбата со миграциите. Новата средба ќе се одржи на 4 март 2016 година во општина Липково, во ресторанот „Панорама“, со почеток во 13 часот.

Обука на тема “Проценка на влијание на регулативата (ПВР)”

Напишано од: Центар за управување со промени

Објавено: 26/02/2016

Втората обука на тема „Проценка на влијание на регулативата (ПВР)“ во рамките на проект насловен “Поголема партиципација – подобри политики и регулативи”, финансиран од програмата ЦИВИКА Мобилитас, се спроведе на 11 и 12 февруари , 2016 година во просториите на ЦУП.

Јавна дискусија “Помалите заедници изгубени во паралелниот свет на Македонците и Албанците”

Напишано од: Диверзити Медиа

Објавено: 26/02/2016

„Помалите заедници изгубени во паралелниот свет на Македонците и Албанците“ е темата на седмата јавна дискусија, што ќе се одржи во Гостивар, во сабота, 27.02.2016 година во 17 часот салата на Советот на Општината. Панелисти ќе бидат : Алберт Муслиу, политиколог, магистер Мухамед Точи, раководител на секторот за човекови права и меѓуетнички односи во НВО „Месечина“ од Гостивар и Зоран Маџоски, локален новинар.
Дискусијата е организирана од Диверзити медиа во рамки на проектот Глокал Дискусии.

Светски ден на ретки болести

Напишано од: НАРБМ

Објавено: 22/02/2016

Националната aлијанса за ретки болести на Република Македонија на 29 февруари во кино Фросина ќе го одбележи светскиот ден на ретки болести.

Како да се намали миграцијата во Североисточниот регион?

Напишано од: ИЗВОР - Кратово

Објавено: 18/02/2016

На 19 февруари 2016 година, со почеток од 11 часот во просториите на Домот за млади во Старо Нагоричане, ќе се одржи информативна средба на неформалната мрежа на граѓански организации од Северо-источниот плански регион.

1 47 48 49 50 51 52