x
Мени

Вести од грантистите

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

ПХВ театарска претстава

Напишано од: Црвен крст на град Скопје

Објавено: 18/11/2016

Во рамките на ЦКА ПХВ неделата која традиционално се одбележува од 21 до 27 септември, волонтерите од Kлуб на млади при Црвен крст на град Скопје на 13.11.2016г. (недела) во Драмски театар ја изведоа театарската претстава „Приказна за една идеја“. Преку изведбата волонтерите ја доближија приказната за формирањето на Црвениот крст, принципите, женевските конвенции , со акцент на ликот и делото на нобеловецот Анри Динан.

Презентација на Водич во терминологијата за родово базирано насилство за новинари и медиумски работници

Напишано од: Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство

Објавено: 26/05/2016

Националната мрежа против насилство врз жени и семeјно насилство со задоволство ги поканува сите заинтересирани на презентација на Водичот во терминологијата за родово базирано насилство за новинари и медиумски работници, која ќе се одржи на 30.05.2016 година, понеделник од 10:00 часот во Хотел Порта, Скопје.

Повик за еднодневна обука за застапување засновано на податоци

Напишано од: Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје

Објавено: 18/11/2016

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје организира обуки за моделот на застапување засновано на податоци. Овој модел подразбира вклучување на истражувачки алатки во процесот на анализа на проблемот што се застапува како и современи алатки за визуелизација и употреба на податоци во процес на креирање политики.

Панел дискусија: Идејата за еднаквост, мит или реалност?!

Напишано од: АДИ - Гостивар

Објавено: 20/05/2016

На 19.05.2016 година (четврток) на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово се одржа панел дискусија, завршна активност од проектот „Анализа на политиките и дистрибуција на локални ресурси меѓу етничките заедници во Полошкиот и Пелагонискиот регион“

Покана за обука за граѓанско учество во носењето одлуки за животната средина

Напишано од: Центар за климатски промени

Објавено: 18/11/2016

Центарот за климатски промени ве поканува на дводневна обука наменета за граѓанските организации (ГО) на тема: „Подигнување на јавната свест на граѓанските организации за потребата од нивно активно вклучување во процесот на донесување на одлуки од областа на животната средина“ што ќе се одржи на 29 и 30 ноември 2016 година, со почеток во 11 часот во хотел Гарденија во Велес.

Препознавање на дискриминацијата врз основа на хендикеп

Напишано од: Полио Плус

Објавено: 16/05/2016

Полио Плус, поддржан од програмата Цивика мобилитас и Балканската независна мрежа на организации на лица со хендикеп (БИДФ), во соработка со Македонското здружение на млади правници, во рамки на проект поддржан од Фондација отворено општество Будимпешта, на 12-ти мај 2016 година организираа работилница „Препознавање на дискриминација врз основа на хендикеп“.

Новинарски стории за суштинските проблеми на граѓаните

Напишано од: Македонски институт за медиуми

Објавено: 15/11/2016

Македонскиот институт за медиуми, во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, започнуваат со објавување на серијал новинарски стории на теми кои третираат суштински проблеми на граѓаните, од областа на социјална и здравствена заштита, дискриминација, заштита на животна средина, миграции итн.

Изработени 184 мали проекти

Напишано од: Црвен крст на Град Скопје

Објавено: 10/05/2016

Во месец мај се сумираат резултатите во рамките на програмата ЦКА-ПХВ. Минатиот викенд, од 06-08 мај во Струга се реализираше подготвителна работилница на која учествуваа 20 инструктори од целата земја и имаа за цел прегледување, оценување, евалуирање на малите проекти кои беа изработувани во период март-април.

ЗНМ се согласува со оценките на ЕУ за медиумите

Напишано од: Здружение на новинари на Македонија

Објавено: 11/11/2016

Здружението на новинарите на Македонија се согласува со оценката на Европската комисија дека состојбата со слободата на медиумите годинава во Македонија се влошува. Комисијата во извештајот за напредокот на Македонија за годинава, со право заклучува дека во најголем дел од македонските медиуми отсуствува политички плурализам и дека националните телевизии координирано ја поддржуваат владејачката партија.

Весело и чисто на Водно

Напишано од: Движење за едукација и унапредување на дијалогот ЛЕАД

Објавено: 09/05/2016

Во прекрасна атмосфера помина дружењето на младите од различни етнички заедници на Водно, кои како волонтери учествуваа во акцијата за собирање отпадоци, под мотото на проектот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“ што се одржа на 8 мај 2016 година.

1 45 46 47 48 49 52