x
Мени

Вести од грантистите

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

Мониторинг на централните вести: Само 7% од прилозите биле оригинални теми на самите редакции

Напишано од: Фондација за медиуми и граѓанско општество-МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА МЕДИУМИ - Скопје

Објавено: 22/05/2018

За разлика од периодот од пред една година, разноликост во известувањето во вестите на најгледаните комерцијални телевизии и кај јавниот сервис постои, но таа денес, во услови на сменети политичко-општествени и медиумски услови, зависи од уредувачката политика на самите медиуми, нивната иницијативност и ангажираност во изборот и обработката на темите, како и од почитувањето на […]

Регулаторите со поголема плата од премиерот

Напишано од: Здружение Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија

Објавено: 22/05/2018

 Ланските приходи на членовите на Регулаторната комисија за енергетика билe просечно околу 70.000 денари автор: Горан Лефков СКУП Македонија е корисник на институционален грант од Цивика мобилитас.

Активна транспарентност на институциите- 2018 година

Напишано од: Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје

Објавено: 18/05/2018

Центарот за граѓански комуникации ги претставува првичните резултати од истражувањето на т.н. Активна транспаретност на институциите во земјава за 2018 година. Станува збор за степенот на неисполнување на законските обврски на институциите да ги објавуваат на сопствена иницијатива информациите од значење на граѓаните. Опфатени се сите 97 институции од првата линија на извршната власт: 15 […]

Гужва од советници во администрацијата: реална потреба или вдомување на партиски војници?

Напишано од: Здружение Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија

Објавено: 09/05/2018

Од 500 до 1.000 евра се движат хонорарите на посебните советници во министерствата, при што државата ја чинат околу 270 илјади евра годишно ДОКУМЕНТАЦИЈА Автори: Ангела Рајчевска, Бјанка Станковиќ, Кристина Атовска   Државата издвојува 266 илјади евра годишно за ангажирање на посебни надворешни советници, кои имаат за задача да ги советуваат министрите и останатите носители […]

Пролетен извиднички бивак – Шумско Домче 2018

Напишано од: ПРВ СКОПСКИ ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД Скопје

Објавено: 09/05/2018

Во период од 28 април до 1 мај Првиот скопски извиднички одред (ПСИО) организираше логорување на планината Китка. На настанот присуствуваа околу 90 извидници од цело Скопје, членови на ПСИО. Логорувањето се одржа во Шумско домче каде извидниците имаа можност да научат како се крева шатор, како се прави бивак – импровизирано живеалиште, да палат оган […]

Јавна дебата за економско зајакнување на жените во Полошки регион

Напишано од: Здружение Женски Форум Тетово

Објавено: 09/05/2018

Здружението Женски Форум – Тетово, ги поканува сите заинтересирани да учествуваат на завршна јавна дебата за имотните и наследните права на жените во Полошкиот регион, што ќе се одржи на 14 мај 2018 година (понеделник), со почеток во 14:15 часот во сала за конференции во бизнис центарот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. На […]

Трка на 3, 6 и 9 со пречки: Препораката е обезбедена, што понатаму?

Напишано од: Институт за демократија „Социетас цивилис“ Скопје

Објавено: 03/05/2018

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер го следи спроведувањето и исполнувањето на реформите од Планот 3-6-9. Врз основа на методологијата развиена од ИДСЦС се проценува реализацијата на активностите наведени во планот. Во таа насока на 03 мај, 2018 година (четврток) со почеток од 10 часот во ЕУ Инфо Центарот во Скопје, беше […]

Тендери со една понуда

Напишано од: Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје

Објавено: 20/04/2018

Ниската конкуренција на тендерите е еден од најзначајните индикатори за слабостите на системот на јавни набавки во земјава. Просечниот број на понудувачи во последните неколку години изнесува 2,9. Она што дополнително загрижува е уделот на тендери на кои имало само една понуда. На ниво на Влада и Собрание, просечниот удел на тендери со една понуда […]

Модни додатоци што интегрираат

Напишано од: Здружение Конект Скопје

Објавено: 20/04/2018

Моден активизам – вака може да се нарече вклучувањето на дизајнерката Ирина Тошева во големиот број проекти наменети за маргинализирани групи. Таа го користеше сервисот Конектирај се! на Конект преку кој ја поврзавме со Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“ од Куманово. Корисниците на „Порака Наша“, лица со умерена и тешка […]

Пријави се за учество во Младински клуб

Напишано од: Здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста СУБВЕРЗИВЕН ФРОНТ Скопје

Објавено: 20/04/2018

Тимот на Субверзивен фронт објавува повик за учество во младински клуб кој ќе почне со работа од април 2018 и ќе заврши во октомври 2018 година. Истиот ќе работи на следните темите: сеопфатно сексуално образование (ССО), род, говор на омраза – наративи, контранаративи, алтернативни наративи, и ментално здравје. Во делот на ССО ќе се работи […]

1 2 3 52