Идејата на овој проект е да се изработат анализи и препораки кои ќе придонесат за
јакнење на свеста за потребата од транспарентност и отчетност на општините и граѓанско учество на локално ниво, во насока на промовирање и создавање на услови за примена на принципите за добро владеење и поддршка на процесот на децентрализација. Отвореноста на општините, достапноста на информациите за работењето на органите на општината и за јавните услуги од локална надлежност, како и отчетноста за донесените и спроведените одлуки, се клучни мобилизирачки фактори за поттикнување на учеството на граѓаните во подготовката и спроведувањето на локалните политики.