x
Мени

За програмата

Цивика мобилитас е програма за поддршка на граѓанското општество која започна да се спроведува во октомври 2014 година и ќе трае до септември 2018 година.

Визија

Македонија во која граѓанското општество игра позитивна улога во реализацијата на потенцијалот на земјата и на сите нејзини граѓани.

Мисија

Цивика мобилитас е движечка сила за одржливо граѓанско општество.

Цивика мобилитас го поддржува граѓанското општество во промовирање општествени промени во (стратешки) области, како што се добро владеење, децентрализација и развој на граѓанското општество. Исто така, се поддржува граѓанското општество и во упатувањето на три „трансверзални теми“: родовите прашања, меѓуетничките односи и миграциите.

Сите региони и општини, сите сектори и теми се важни за Цивика мобилитас која ќе настојува да ги намалува регионалните и секторските разлики во развојот на граѓанското општество.
Внимателно осмислениот институционален развој и организациско јакнење треба да придонесе и кон развојот на целото граѓанско општество како сектор и кон јакнење на самите граѓански организации.

За период од четири години, Цивика мобилитас планира да достигне „критична маса“ од 100 граѓански организации кои активно се ангажираат во постигнување општествени промени во Македонија. Оваа критична маса може да помогне во постигнувањето консензус за правците и содржината  на клучните општествени реформи.

Целна група

Здруженијата и фондациите регистрирани во Македонија според Законот за здруженија и фондации. Другите актери на граѓанското општество, на пример медиуми, научно-истражувачки установи, како и синдикати и организации на работодавачи, исто така може да учествуваат во Цивика мобилитас. Цивика мобилитас исто така поддржува и неформални, нерегистрирани групи, актери на граѓанското општество кои се вклучени во општествени иницијативи за заедничко добро.

Активности

Програмата се состои од три компоненти:

  • Поддршка, вмрежување, учење;
  • Финансиска поддршка (грантови);
  • Истражување и развој.

Буџет

Буџетот изнесува околу 8 милиони швајцарски франци.