AJDE MAKEDONIJA 29092016Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија, заедно со главниот покровител Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), преку проектот Цивика Мобилитас и поддржувачите Осигурување Македонија и Еконелектрон, в петок (30.09.2016) во 10 часот на Матка ќе организираат промотивна акција за чистење како најава за националната акција за чистење која ќе се одржи во сабота (01.10.2016) на 150 локации во 50 општини низ Македонија.

AJDE MAKEDONIJA 29092016

 

Сите заинтересирани може да се информираат на овој линк да се приклучитат http://ajdemakedonija.mk/mk/news/makedonija-bez-otpad-2016 Свое учество потврдија голем број на граѓански организации, општини, училишта, компании и волонтери кои ќе помогнат да ги исчистиме илузиите дека отпадот ќе исчезне сам.

Националната акција е во рамки на проектот „Македонија без отпад 2016“ кој има за дел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизам за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад во нивните заедници.

Националанта акција за чистење има за цел да се намалат количините на несоодветно депонираниот отпад и со која Р. Македонија се вклучува во глобалната акција „Let do it world“, поддржана од Европскиот Парламент и спроведена во 127 земји во 2015 година.