Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА – Битола како дел од активностите во започнатиот проект „Сликај, постирај, алармирај“! кој има за цел граѓаните на град Битола активно да ги вклучи во намалувањето на аерозагадувањето во градот, организираше работилница за примена на мобилни апликации и GPS локатор во одредувањето на локацијата на загадувачките објекти во градот. Преку сликање на загадувач со внесување на географските координати од локацијата во сликата, да се изработи катастар на загадувачи на воздухот во град Битола и сите заедно да допринесеме за намалување на аерозагадувањето во градот.