Сојузот на извидници на Македонија во периодот од 13 до 17 април 2017 година, во својот тренинг центар во Охрид, ја одржа својата прва младинска академија во рамки на проектот „Извидниците за активно општество“. Учество земаа 60 млади од 17 младински организации од Македонија.

На овој настан младите имаа можност сами да си ја креираат својата програма и да изберат помеѓу 28 понудени тренинг сесии. Обучувачи на академијата беа 16 докажани младински работници и тренери од Сојузот на извидници на Македонија, Националниот младински совет и Европскиот извиднички регион.

Младинската академија беше наменета за младите кои се активни во граѓанските организации и имаат желба да го надградат своето знаење за подобро водење и менаџирање во своите организации. Истата им овозможи да се стекнат со вештини кои се исклучително важни за повеќе сегменти од водењето на организација, водење на иницијативи или било каков процес за акција.

Сојузот на извидници на Македонија е корисник на акциски грант од Цивика мобилитас. За повеќе информации околу ова, можете да го погледнете нивниот профил.