На ден 21.06.2017 ЗГ Извор – Кратово присуствуваше на седмата обука за Е-плаформата на Цивика Мобилитас. Истата беше одржана во Куманово во хотелот Сателит во организација на здружението ,,Решенија за развој”. На обуката присуствуваа здруженија од североисточниот регион на Македонија. На оваа обука се запознавме со основните функционалности на Е-платформата на Цивика Мобилитас. Преку обуките се очекува поинтензивно користење на самата платформа од страна на НВО , со што се очекува да истата прерасне во главен ресурс и место на вмрежување на граѓанските организации во Република Македонија.