Почитувани,
З.Г. „НЕКСУС – Граѓански Концепт” со задоволство Ве поканува да учествувате на јавна панел дебата на која ќе се говори за учеството на младите во изборните процеси во Македонија. Воедно, ќе биде претставена и веб апликацијата која тимот на НЕКСУС-ГК ја подготви за младите. Линкот до апликацијата: www.jasglasam.mk
Оваа активност е дел од проектот „Платформа за стимулирање активна граѓанска партиципација: Информирај се, биди активен, гласај!”, подржан од Цивика мобилитас.
Учесници на настанот:
1. Гонце Јаковлеска, Извршен директор, МЦМС
2. Доц.др. Бојана Наумовска, Институт за социолошко политички правни истражувања – ИСППИ
3. Славко Миладиновски, ЏЕФ – Македонија
4. Стефани Спировска, Младински образовен форум (МОФ)
Настанот ќе се стримува во ЖИВО на Фејсбук страната на Радио МОФ