MOF trening za debatni treneriНа 24 и 25 септември, во просториите на Младинскиот образовен форум, се одржа тренингот за дебатни тренери. Тренингот го организираше „Дебатната програма“, а учествуваа дебатери од неколку градови во Македонија и тоа: Скопје, Велес, Тетово, Штип, Неготино, Струмица, Дебар, Кичево и Прилеп.

Овој настан се организира традиционално на почетокот на секоја академска година, а неговата цел е обучување на нови дебатни тренери кои во текот на целата година ќе ги водат нивните локални дебатни клубови. Тренингот имаше теоретски и практичен дел. Во неколку сесии учесниците се запознаа со годишниот план за предавања на дебатнта програма, нивната улога како дебатен тренер и со нивните обврски како предавачи. Во практичниот дел тие пред комисија презентираа како би предавале во нивниот дебатен клуб.

MOF trening za debatni treneri

Комисијата која даваше препораки за овогодинешните дебатни тренери беше составена од искусните дебатери и дебатни тренери: Марко Ѓорѓиев, Вилдан Дрпљанин, Петар Барлаковски, Стефан Ристовски, Благоја Тодоровски и Стефани Спировска.

По завршувањето на регрутацијата на нови членови за оваа година, дебатните тренери кои добија препорака ќе започнат со предавањата во нивните клубови. Тренингот за тренери беше шанса тие детално да се запознаат со процесот на предавање дебата и нивната улога на ментор и предавач на новите дебатери.

Оваа активност беше поддржана од Цивика мобилитас.