Граѓански организации и општини од Источно-планскиот регион и од регионот на Благоевград и Ќустендил од соседна Бугарија, денеска на Форум во Делчево дебатираа и бараа решение како полесно да стигнат до парите од ИПА- програмата за прекугранична соработка.

Целта на овој форум е да ја подобрат соработката и во таа соработка да влезат општините од двете страни, најголем дел од тие причини средства се неискористени. Дури 65% се неискористени, објасни Зекри Абдулов, директор на НВО КХАМ Дечево.
Граѓанските организации тешко стигаат до средствата од ИПА- Програмата, најмногу на ова влијае слабиот капацитет на организациите, но и неможноста да се обезбедат средствата за учество во големите проекти.