Сојузот на извидници на Македонија го организира Државниот извиднички ориентациски натпревар (ДИОН) кој воедно е и последното коло на Извидничката лига. Тој се одржува од 13 до 15 октомври на Средно Водно, додека пак свеченото затворање на лигата и доделувањето на наградите за најуспешните  ќе се одржи на 15 октомври со почеток во 12 часот, во Градскиот парк на Школка.

На ДИОН учество ќе земат околу 150 извидници од цела Македонија, кои во текот на тридневното натпреварување ќе ги покажат своите знаења во најразлични извиднички вештини како што се ориентацијата и движење во природа, подигнување логор, морзеова азбука итн.

Како дел од завршниот настан на Школка, предвидени се работилници за развигорци и извидници од забавен и извидничи карактер. Покрај тоа ќе има и музичка бина и изложба од „Акцијата за ублажување на климатските промени“.

Сојузот на извидници на Македонија е корисник на акциски грант од Цивика мобилитас. За повеќе информации посетете го нивниот профил.