Фондација „Албиз“ на 15 фебруари 2017 во просториите на Македонскиот народен театар организираше доделување на стипендии за учебната и академската година 2016/17. Изминатата година беше предизвик за Фондацијата „Албиз“ бидејќи се направија суштински промени почнувајќи од ребрендирањето се до статутарни и организациски промени. Но, со напорна работа, со имплементација на многубројни проекти, со зголемување на бројот на донаторите, Фондацијата Албиз успеа да го одржи прогресивниот континуитет во својата работа и како нов бренд да се позиционира во општеството.

Во овој настан беа прикажани достигнувањата и проектите кои се спроведувании од страна на Фондацијата Албиз во 2016 година и официјално се доделија стипендиите за студенти и средношколци. Вкупно 218 стипендии беа доделени, од кои 40 стипендии за средношколци, 160 студентските стипендии и 18 наменети стипендии.

7696

Претседателот на Советот на донаторите г. Неџат Шаини истакна дека единството е сила и дека ребрендирањето на Фондацијата овозможи уште повеќе да се прошири филантропска дејност „за доброто на општеството“ и уште повеќе да се подигне свеста кај компаниите за да ја промовираат својата корпоративна општенствена одговорност.

„Фондацијата Албиз во континуитет го зголемува бројот на стипендистите и овој тренд ќе продолжи се додека постојат сопственици на бизниси кои се грижат за главниот столб на општеството-младите“, изјави извршниот директор г. Илир Идризи. Сертификатите за стипендистите на шестата генерација ги доделија: г. Таип Јакупи – универзитетски професор и член на Одборот на донатори на Фондацијата Албиз, г. Неби Хоџа претседател на Стопанската комора на северо-западна Македонија и министерот за правда г. Валдет Џафери.

7730

Министерот за правда г. Џафери во својот говор, меѓу другото, истакна дека ја цени соработка со Фондацијата Албиз и дека нема да недостасува нивната институционална поддршка секогаш кога има потреба. Тој, исто така, ги поттикнуваше и другите компании да се приклучат кон оваа мисија.

На крај, г. Неџат Шаини додели благодарници до сите донатори на Фондацијата Албиз во знак на благодарност за нивната поддршка.

Ова настан е еден од основните проекти на Фондацијата Албиз со кој се потенцира дека само инвестирањето во младите може да не води напред.

Фондацијата за развој на образование и култура АЛБИЗ е институционален грантист на Цивика мобилитас.