Во рамките на Регионалната Платформа за социјални иновации во младинското вработување (YOUSEE), Младинскиот културен центар – Битола (МКЦ – Битола) Ве поканува за учество на една од јавните дискусии „Дијалог за младинската невработеност“.

Понеделник 18 септември 2017 година во Битола со Билјана Јовановска – Директор на Агенцијата за вработување.
Локација: хотел Епинал – Битола.
Почеток 12.00 часот.

Вторник 19 септември 2017 година во Скопје со Мила Царовска – Министер за труд и социјална политика.
Локација: Канцеларијата за млади на општина Центар – Скопје.
Почеток 12.00 часот.

Среда 20 септември 2017 година во Штип со Дарко Каевски – Директор на Агенција за млади и спорт. Локација: Kампус 2 на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Почеток во 12.00 часот.

На јавните дискусии добредојдени се членови на граѓански организации, младински работници, студенти и млади невработени лица. Присутните ќе можат активно да учествуваат во дискусијата со поставување на прашања, давање на сугестии и предлози во врска со имплементацијата и/или унапредувањето на младинските политики и активните мерки за вработување на млади невработени лица.

Настанот е во рамките на Регионалната Платформа (YOUSEE) со поддршка на фондови од Европската Унија.
Повеќе информации на www.youseefor.me

МКЦ-Битола е институционален грантист на Цивика Мобилитас.