ADI izvestaj 3132016 1Во рамките на проектот „Превенција од современите форми на трговија со луѓе“ на 30.03.2016 год. во Гостивар се одржа презентација на Извештајот од истражувањето за перцепциите и сфаќањата на средношколците и ранливите групи за современите форми на трговија со луѓе во Куманово и Гостивар.

ADI izvestaj 3132016 1

Со истражувањето се опфатени 200 ученици од четирите општински училишта од Гостивар. Според наодите од истражувањето, средношколците од Гостивар се запознаети со појавата на трговија со луѓе и препознаваат дел од нејзините форми.

ADI izvestaj 3132016 2

19% од средношколците сметаат дека секој може да стане жртва на трговија со луѓе, но како најранливи категории истите ги издвојуваат сиромашните и необразованите луѓе, децата без родители и Ромите. 29 % од средношкоците сметаат дека жртвите на трговија се самите виновни што се нашле во таа ситуација, а ваквиот став не го поддржуваат 49% од нив. Најгодем дел од средношколците би побарале помош од полицијата по што следуваат центрите за социјална работа и училиштата.

ADI izvestaj 3132016 3

Проектот се реализира од страна на Ц.Р.З. „ДРОМ“ во партнерство со Асоцијација за демократска иницијатива АДИ – Гостивар и е дел од програмата за Акциски грантови на Цивика Мобилитас финансиран од страна на Швајцарската агенција за соработка и развој